За нас
Одделите за кариера се во услуга како на студентите кои бараат работа и програми за пракса, така и на работодавачите кои бараат идни професионално квалификувани кадри.
Овие оддели даваат висококвалитетни услуги сврзани со професионалното ориентирање и развој на студентите. Во овие оддели се работи со студентите кои сакаат подобро да ги определат своите интереси, можности и потенцијали, со цел дефинирање на најсоодветните области за кариерен развој. При реализацијата на вакви програми се користат најразлични техники како работа во групи, индивидуални анализи, тестови, пробни интервјуа и др. Одделите на студентите им нудат практични информации сврзани со нивниот кариерен развој, како што се стратегии за барање работа, подготовка на документи за кандидирање за пракса или работа, интервјуа итн. За оваа цел, најчесто се организираат обуки, семинари на кои често присуствуваат гости-предавачи и работодавачи.
Мисијата на Универзитетскиот Оддел за кариера се огледа во обезбедување на стручна и корисна поддршка на студентите и дипломците во развивањето на вештини и знаења кои ќе им бидат неопходни при нивното вработување или понатамошното дообразување, како и поврзување на академската заедница и заедницата на работодавачите.
Основните цели на Одделот се поврзување на дипломираните студенти и работодавачите и развивањето на свеста кај студентите и дипломците за современите услови на работа, односно дека работодавачите бараат нешто повеќе од диплома. На студентите им е потребно развивање на практични вештини и способности поради нивната подобра подготовка за пазарот на трудот кој забрзано се менува.
Одделот е на располагање на студентите за да им помогне да развијат вештини и да стекнат знаења кои се исклучително важни за работата и вработувањето, да стекнат работно искуство за време на студиите и да се запознаат со заедницата на работодавачите и нејзините правила, како и да научат конструктивно да размислуваат за дадените можности.
Функции на Одделот за кариера
Една од основните функции е создавањето на ефективно партнерство со работодавачите преку помагање во процесите на избор на студенти на позиции за пракса и работни места.
Наш тим
- Снежана Георгиева
- Phone:
+389 32 550 084 - Email:
snezana.georgieva@ugd.edu.mk - Web:
http://ckr.ugd.edu.mk