Огласи за работна позиција и пракса


Огласи за работна позиција:

Можност за студенти за претприемништво

Проект во кој се вклучуваат студенти од факултетите од Македонија кои работат на предизвици на реални компании.
Повеќе информации има на следниот линк - https://lead.org.mk/calls/povik-za-studenti-education-to-business

Македонски Телеком има потреба од студенти за обавување на платена пракса во Служба за поддршка на технички услуги (CSOD) во времетраење од максимум една година со полно работно време.
Aнгажираниот практикант би ги извршувал следниве активности:

  • Техничка поддршка на второ ниво на технички услуги за отстранување на пречки и обезбедување на сервиси кон корисниците за портфолио на стандардни сервиси;
  • Испитување, решавање и затворање пречки опфатени со процесот на автоматска дијагностика;
  • Реализирање на испитување и отстранување на пријавени пречки на второ ниво на техничка поддршка за кориснички стандардни сервиси;
  • Работа во системите за менаџирање со активна и пасивна пристапна мрежа;
  • Работа во апликациите за кориснички пријави, технички inventory податоци, управување со пречки;
  • Учество во процесите за оперативна поддршка на регионалните сервисни центри;
  • Покривање на вообичаените задачи и должности во Службата.

Доколку поседувате тимски дух и иницијативност, и сакате да сте дел од технолошки развиена компанија не чекајте и пратете ја својата биографија најдоцна до 04.11.2021 на career@telekom.mk со назнака Пракса во техника.

Ассеко СЕЕ и оваа година организира платена пракса за студенти од завршните години на академските студии од насоката софтверско инжинерство.

Соработката со УГД Штип досега беше успешна, па би сакале да ја продолжиме и понатаму.

Праксата ќе се одржи период од 06.05.2019 до 31.05.2019.

Willing to develop your programming skills and become a Full Stack Software Engineer?

Learn .NET, MS SQL and Angular from our best people in ITCrowd, working on a real-time projects!

If you possess:

- Basic software development knowledge (ASP.NET, MS SQL and/or Angular)

- Understanding of the object oriented programming concepts

- Some project you developed using either of these technologies

- Passion for software development tech trends

- Computer Science/Computer Engineering degree (graduated or final year of bachelor’s studies) or other relevant education, we would be happy to meet you.

Send us your resume at hr@itcrowd.me not later than 25.03.2019.

Минимум потребни квалификации:

• ВСС – дипломиран градежен инженер

• Со работно искуство

• Познавање на англиски јазик, дополнителен странски јазик ќе се смета за предност • Познавање на компјутерски алатки (Word, Excel, Power Point, MS Project), Radimpex Tower, ArmCad, AutoCad, Интернет алатки Други вештини и карактеристики:

• Тимска работа

• Одлични интерперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата

Опис на работно место:

• Проектирање од областа на градежни конструкции

Вашата биографија, мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

• По електронска пошта на e-mail : kariera@geing.com.mk

• По пошта на адреса:

ул. Борис Трајковски бр. 111 Скопје

најдоцна до 18.02.2018

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Потребни квалификации:

• Образование: ВСС- Градежен факултет, Конструктивна насока

• Работно искуство во вршење на опити/извештаи за испитување на градежни материјали

• Познавање на Англиски јазик –пишан и говорен

• Одлично познавање на работа со компјутери MS Office (Word,Excel,Power Point, MS Project), AutoCad, Интернет алатки

• Возачка дозвола Б категорија Дополнителни квалификации/вештини/познавања:

• Познавање на техничките услови и стандардите кои се однесуваат на квалитетот на градежните материјали и нивното испитување

• Одлични интраперсонални, комуникациски и аналитички способности, организираност и систематичност во работата, познавање на позитивните правни прописи во РМ.

Опис на работно место:

• Организира, координира и извршува активности при реализација на лабораториски и теренски испитувања

• Подготвува извештаи од Испитувања со потребната документација согласно ИМС, законска регулатива и важечки стандарди во делокругот на работата.

• Одржува и врши евиденција на лабораториската опрема и води сметка за калибрација на истата

• Проучува и имплементира стандарди за лабораториски испитувања, приготвува упатства, обрасци и друга неопходна документација во согласност со стандардите

Вашата биографија и мотивационо писмо, со задолжително наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

• По електронска пошта на: kariera@geing.com.mk најдоцна до 31.04.2018 година

Работното време започнува од 08:00 часот до 16:00 часот.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг на избор и кои ги исполнуваат бараните услови, ќе бидат повикани на разговор.

Почитувани,
Ве известуваме дека „Макпромет“ АД за време на летниот период ќе имплементира два проекти со времетраење од 10 недели за кои ни се потребни вкупно 10 практиканти.
За првиот проект ни се потребни 5 практиканти од било која програма на Економскиот Факултет.
За вториот проект потребни ни се 5 практиканти кои студираат на Факултетот за Информатика, или Електротехничкиот Факултет. Овие 5 практиканти може да бидат од некоја од следниве програми:

  • Додипломски студии по компјутерски науки,
  • Додипломски студии по компјутерско инженерство и технологии,
  • Додипломски студии по системи за автоматско управување,
  • Постдипломски студии по вештачка интелигенција и роботика,
  • Постдипломски студии по комуникациски технологии и процесирање на сигнали,
  • Постдипломски студии по софтверско инженерство,
  • Постдипломски студии по автоматизација и процеси.

Се молат сите заинтересирани студенти да испратат CV на следниот mail: vrabotuvanje@makpromet.com.mk.
Датум, 03.04.2018

Повеќе информации на линкот: Оглас за практиканти во „Макпромет“ АД

ДПТУ ФС ШТАМПА ХИЛ ДОО  е компанија лоцирана во Македонија, која испорачува комплетни решенија од областа на пчатењето, дизајнот,дигиталниот принт, графиката и сито печатењето. Поради зголемен обем на работа ФС ШТАМПА ХИЛ ДОО Штип има потреба од вработување на:

  • Оглас за работна позиција или практикант за две лица: Дизајнер и ракување со принтери
  • Опис на работно место:Компјутерска обработка и печатење
  • Оглас за работна позиција или практикант за две лица : Лепење и монтирање на принт и принтање
  • Опис на работно место: Лепење/брендирање на ПВЦ фолии, Банери, Автомобили и др

Кандидатите ќе имат можност сами да си го организираат работното време.
Минимум потребни квалификации: 

  • Со или без работно искуство
  • Познавање на компјутерски алатки  (Corel, Photo Shop, Adobe Illustrator,)
  • Познавање на интернет алатки
  • Предност имаат кандидатите со работно искуство и компјутерско познавање.

Други вештини и карактеристики: 

  • Тимска работа и комуникација.

Работни задачи:

  • Вршење на печатарски услуги, дизајн и монтажа.

Вашата биографија, мотивационо писмо, со наведување на работната позиција за кој се пријавувате, телефонски контакт и адреса на електронска пошта, можете да ги доставите:

  • По електронска пошта на e-mail: hiljadnikov@fsstampahil.mk
  • Директно во просториите на: ул. Ванчо Прке  бр. 1/5 втори спрат тераса на зграда (црвено-црно) Штип
  • Тел. 077 566 466 Лице за контакт Владимир.

Вработувањето е со договор.


Следете нè на

     



Местоположба

Контакт