УНИЛАБ лабораторија при Земјоделски факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

УНИЛАБ е лабораторија во состав на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип, која функционира како посебна организациска целина. На почеток на основање на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, во состав на Земјоделскиот факултет при Катедрата за заштита на растенијата и животната средина започна да функционира и Лабораторијата за заштита на растенијата и животната средина, која како се прошируваше опсегот и методологијата на работа, го промени името во УНИЛАБ – мултидисциплинарна лабораторија чија што работа е заснована на законска регулатива, под законски акти и стандарди, како што се:

  • Закон за високо образование;
  • Закон за акредитација;
  • Стандардот за квалитет на лабораториско тестирање МКС EN ISO/IEC 17025:2006 и имплементација на нивата верзија на стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2017.

Лабораторијата се самофинасира со давање на услуги кон своите клиенти. Резултатите од тестирањата се веродостојни и валидни со највисок квалитет при работењето. Раководителот и вработените во Лабораторијата се ослободени од внатрешни, комерцијални, финансиски и други притисоци кои можат да влијаат на нивното работење.

Лабораторијата е одговорна за сите тестирања што се извршуваат под контрола на овластени лица во лабораторијата, согласно барањата на меѓународните стандарди, методи, прописи, потребите на корисниците и законската регулатива.

Со неа раководи Раководител, кој има одговорност за работењето согласно стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 / МКС EN ISO/IEC 17025:2017 и другите прописи.

Лабораторијата има управувачки и технички персонал кој без оглед на други одговорности има овластувања и ресурси, кои се потребни за спроведување на нивните должности. Лабораторијата располага со најсовремена инфраструктура и обучен персонал, и секој резултат од тестирањето е проверен во строго контролирани услови.

За задоволување на потребите и барањата на клиентите, УНИЛАБ лабораторија комплетно врши:

  • агрохемиски анализи на почвата и давање на соодветни препораки за ѓубрење и прихрана на растенијата;
  • испитување на присуство макро и микро елементи, тешки метали и елементи во траги, во различни медиуми, како што се: почвата, водата и растителниот материјал;
  • утврдувањето на застапеноста на хранливите елементи во ѓубривата;
  • анализа на квалитетот на семенскиот и садниот материјал;
  • детерминација и идентификација на присуството на болести и штетници кај растенијата и складираните земјоделски производи.

Дополнително во лабораторијата се разработуваат методите за квалитативно и квантитативно определување за присуство на микотоксини во растителните производи, како и определување на генетски модифицирани организми (GMO).

Лабораторијата дава услуги на правни и физички лица за апробација на семенски посеви, различни експертизи, стручни совети, препораки и мислења поврзани со земјоделското производство, преработката и чувањето на земјоделските производи.

Услугите се објективни, брзи и квалитетни, засновани на меѓународно признати и прифатени методи за работа, во согласност со стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006 / МКС EN ISO/IEC 17025:2017, и односите со корисниците се строго доверливи.

Главните цели на УНИЛАБ се:

  • постојано следење на меѓународно прифатени стандарди и домашни законски и под законски решенија во секојдневното административно и стручно работење, и постојано ажурирање на стандардите за задржување на квалитетот на работата;
  • според потребите на методологијата на работа, годишна набавка на соодветна и современа научно-истражувачка опрема во сите оддели на лабораторијата каде е потребно;
  • создавање на современ софтвер, усогласен и интегриран со решенијата во секојдневното работење на самата лабораторија, катедра, факултет и универзитет;
  • зачленување во меѓународни асоцијации и здруженија од соодветната област на делување;
  • размена и зголемување на искуствата на персоналот во лабораторијата со кратки престои во земјата и странство;
  • овозможување на престои на стручен и научен кадар од реномирани лаборатории од странство;
  • постојани контакти и следење на потребите на фирмите поврзани со земјоделското производство и преработката, како и поединечните фармери. Близок контакт и следење на потребите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, службите за унапредување на земјоделството и невладините организации.

УНИЛАБ лабораторијата покрај професионалната работа за клиентите, овозможува научно-истражувачка работа за магистранти, докторанти на УГД, како и истражување во рамките на меѓу универзитетски соработки во и надвор од нашата држава.

Сите информации во врска со лабораторијата, услугите со кој располага како и електронска форма од Барањето се наоѓаат на лесно достапен линк на УНИЛАБ, http://unilab.mk/uslugi.html.

За секоја Ваша дополнителна информација контактирајте не:
e-mail: unilab@ugd.edu.mk
(032) 550 623
(032) 390 700

http://unilab.ugd.edu.mk

Нашето мото за успех: Ние постоиме за Вашите барања и потреби од квалитетни, сигурни и навремени резултати!

Следете нè на

     



Местоположба

Контакт