Почитувани колеги,

Алумни клубот при Универзитетот „Гоце Делчев“ е непрофитна асоцијација чија цел е да се зајакне врската помеѓу Универзитетот и нејзините алумни, да се поттикне интересот, да се шират информации за Универзитетот и да се зајакне улогата на алумни во животот на Универзитетот.

Членовите на „Алумни клубот“ кои студираат на втор или на трет циклус на студии преку мрежата на „Алумни клубот“ ќе можат да стапат во контакт со други алумни кои може да им помогнат во нивните истражувања или да им овозможат поддрш­ка и мож­ност за посетување практична работа во нивните компании или институции. И об­рат­но, членовите на „Алумни клубот“ кои имаат стручно знаење од одредена област може да им ги понудат своите услуги на другите членови на Клубот.

Првиот чекор за заживување на оваа идеја е секако зачленувањето на што поголем број на дипломирани студенти на УГД во „Алумни клуб“, со што можностите, интензитетот на размена на информации, контактите се секако многу поголеми.

Се надеваме дека ќе сакате да бидете член на „Алумни клубот“ за да ги уживате сите придобивки од оваа иницијатива и да го задржите контактот со Вашиот Универзитет и со Вашите колеги.

Информирајте ги вашите колеги!
Нови Алумни членови можат да се зачленат на следнава адреса: 
http://www.ugd.edu.mk/alumni

 

Станете дел од нашите LinkedIn и Facebook мрежи!

Контакт: alumni@ugd.edu.mk

Следете нè на

     



Местоположба

Контакт