Експерт!!!


Експертот на The Daily Show With Jon Stewart, после неколку годишна кариера како стручњак за се, конечно се отвори и го понуди своето експертско мислење за тоа како се станува експерт.

Стивен Колбер беше аналитичар од "општа пракса", од случувањата на Средниот Исток до претседателската гастрономија. Неговиот став за фактите е отприлика ваков: "Кој и дава право на Британика да тврди дека Панамскиот канал е изграден во 1914? Ако сакам да биде изграден во 1941, тоа е мое право."

Одберете поле кое не може да биде верификувано

Обидете се вашата експертиза да се однесува на некоја теорија во која немате конкуренција или, уште подобро, која е поврзана со Божјата волја: "Јас зборувам со Господ. Жал ми е што вие не можете." Ова вклучува и експерти за безбедност, бидејќи тие имаат одобренија за влез кои другите ги немаат. Не можеме да се сомневаме во некое тврдење за NSA кога ние не сме во NSA.

Одберете тема која всушност е тајна

Ден Браун одбра тајна тема за Кодот на Да Винчи, па сега до крајот на животот никој не може да спори со него на таа тема. Секој што ќе се обиде да ја нападне неговата теза мора да биде дел од заговорот.

Имајте свој запис во енциклопедија

Во ерата на медиумите секој можеше да биде славен на 15 минути. Во ерата на Википедија, секој може да биде експерт за пет минути. Бонус: Можете сами да си ја пополнувате вашата биографија за да изгледате попаметни.

Користете неразбирливи зборови што е можно почесто

Потребни ви се зборови кои им звучат познато на луѓето но за чии дефиниции не се сигурни. Уште подобро ако зборовите се на латински. Меѓутоа, избегнувајте зборови како парадигма. Зборот стана досаден уште во 1994-та и сите знаат дека сте преварант ако го користите.

Користете доста кратенки и акроними

Лице кое користи зборови како безбедносни операции најверојатно е образувано, но ако наместо тоа речетеOpsec, вие со сигурност сте експерт. Ако го користите зборот Гитмо, тоа покажува дека сигурно сте биле таму. Ако речете "Се префрламе на Дефкон 1," тоа јасно покажува дека ги поседувате кодовите за лансирање. Вистинските експерти немаат време за дополнителни слогови.

Зборувајте од задникот не од дијафрагмата

Во светот на експертите морате да имате храброст. Ова значи да зборувате со самодоверба. Во Америка морате да се наметнете како сигурен извор и воопшто да не се двоумите за своите ставови.

Не се плашите да измислувате

Никогаш немојте да бидете во страв дека ќе ве откријат дека сте преварант. Експертите постојано измислуваат. Тие се квалификувани за тоа.

Не се ограничувајте на постоечкото знаење

Ако премногу се грижите дали сте тек со настаните, ќе ги испуштите огромните пространства на неоткриено знаење, кои одвај чекаат да бидат откриени. Бидете експерт за лечење со пијавици и никогаш не можете да згрешите. Може да потфрли само пијавицата.

Добијте почесна диплома

Ова прави чуда. Се што треба е да одржите еден - два говора на некој факултет и сите ќе ви се обраќаат со Др.

Створете навика на расфрлување со имиња

"Вчера зборев со Џон Хокенбери (новинар на НБЦ и добитник на четири ЕМИ) за мојата теорија за експерти."

Бидете познат. Тоа помага. 


Следете нè на

     



Местоположба

Контакт