Најбарани професии за 2014


Како резултат на развојот на глобалната економија и потребите на стопанството, професиите кои во минатото беа најбарани денес се сосема различни. Според Светскиот завод за статистика, 10-те најбарани професии во светот, кои истотака се објавени и од “Glassdoor“ (страна за пребарување на работа), се:

  1. Психијатар - Просечна основна плата: 169.479 долари
  2. Доктор - Просечна основна плата: 152.768 долари
  3. Стоматолог - Просечна основна плата: 126.134 долари
  4. Директор на продажба - Просечна основна плата: 119.758 долари
  5. Инженеринг менаџер - Просечна основна плата: 117.552 долари
  6. Фармацевт - Просечна основна плата: 104.093 долари
  7. Производен маркетинг менаџер - Просечна основна плата: 103.633 долари
  8. IT менаџер - Просечна основна плата: 101.244 долари
  9. Софтверски инженер - Просечна основна плата: 100.585 долари

Најголемата побарувачка на работна сила во САД според "Business Insider", се однесува за следниве професии:

  1. Софтверски инженер (eксперт за изработка на софтвер, апликации и софтверски системи).
  2. Аналитичар за истражување на пазарот и експерт за маркетинг (ги проучува условите на пазарот во локални, регионални или државни размери).
  3. Експерт за обука и развој (дизајнира и спроведува програми за обука и развој).
  4. Финансиски аналитичар (ги проценува состојбите на берзата, пазарот на обврзници и други видови на инвестиции).
  5. Физиотерапевт (им помага на повредените или болните пациенти при надминувањето на болката).
  6. Веб дизајнер и сродни експерти (креира веб страни и им помага на компаниите да изградат бренд)
  7. Логистичар (ги анализира и координира организираните синџири за снабдување).
  8. Администратор на базата на податоци (користи софтвер за складирање и организирање на податоците, како што се финансиските информации и податоци за испорака на клиентите).
  9. Организатор на состаноци, собири и настани (ги координира активностите околу организацијата на состаноци и друг вид на настани).
  10. Преведувач (преведување на содржини од еден на друг јазик).
  11. Нафтен инженер (дизајнира и развива методи за извлекување на нафта од под Земјината површина).
  12. Аналитичар на информатичката безбедност (планира, применува, ги усовршува или надгледува безбедносните мерки за заштита на компјутерските мрежи и информации).

Следете нè на

     



Местоположба

Контакт