Линкедин мрежа за професионално поврзување


Линкедин претставува професионална - друштвена мрежа со седиште во Калифорнија и првпат е лансирана во 2003 година. Нејзин пронаоѓач е Reid Hoffman. Линкедин е достапна на 20 јазици, меѓу кои: англиски, француски, германски, италијански, португалски, шпански, шведски, дански, романски, руски, турски, јапонски и други. Во февруари линкедин беше достапна и на кинески јазик, во обид да го освои најголемиот број интернет корисници во светот. Мобилната верзија на сајтот е лансирана во февруари 2008 година и е достапна во шест јазици (англиски, француски, германски, кинески, јапонски и шпански).

Според најновите информации, објавени од Линкедин, бројот на членови ја надмина границата од 300 милиони, од кои половината се надвор од САД, која е домашна земја на мрежата. Според застапеноста на сајтот втора земја после САД е Индија со 24 милиони корисници, по неа следуваат Бразил со 16 милиони корисници, Велика Британија со 14 милиони корисници, Канада 9 милиони, Франција 7 милиони.

Линкедин зспочнува се помасовно да се користи и во Македонија, каде бројот на корисници изнесува околу 77 000.

Линкедин може да има повеќе намени:

  • може да се користи за да се најде работа, луѓе и бизнис можности препорачани од некој во контактната мрежа.
  • работодавците можат да најдат потенцијални кандидати за понудената работа
  • корисниците можат да следат различни компании и да добиваат известување за новите приклучувања и понуди слободно.
  • корисниците можат да споделуваат свои фотографиии да гледаат слики од други корисници.
  • корисниците можат да видат кој го посетил нивниот профил.

Границата за да се стане корисник на Линкедин беше 18 години. Но, според новите правила, во Америка, Линкедин ќе можат да ја користат и лица кои наполниле 14 години, додека во Европа, лица кои имаат 13. Намалувањето на старосна граница е со цел да им овозможи на идните генерации на време да ја планираат својата професионална кариера. Оваа одлука во Европа ќе стапи во сила на 12 септември.


Следете нè на

     



Местоположба

Контакт