Марфиеви закони
Правило број 1: Шефот е секогаш во право!
Правило број 2: Ако некогаш шефот не е во право, повикајте се на правилото број 1.
- Вашиот сегашен шеф е најлошиот шеф што сте го имале досега... се до следниот.
- Вашиот клиент ќе се јави баш кога вие ќе бидете на пауза, а кога ќе пробате да го побарате повторно тој/таа нема да бидат во нивната канцеларија.
- Ако нешто посакувате со цело срце, мали се шансите да го добиете.
- Секогаш кога нешто барате не е на последното место на кое ќе побарате, туку на првото место каде што сте побарале.
- Машините кои се расипале за време на работа, ќе работат беспрекорно кога ќе дојде мајсторот.
- Никогаш не барајте покачување откако успешно сте завршиле некој проект.
- Кога разговарате со некој клиент од бирото на вашиот колега, и треба да запишете нешто... ниедно од пенкалата на бирото нема да пишува.
- Оставени сами на себе, работите тендираат да се движат од лошо кон полошо.
- Ништо не е едноставно како што изгледа.
- При интервју за работа треба убаво да се изразувате, да бидете фино облечени, самоуверени и учтиви. Дури и вака, нема да ја добиете работата.
- Кога Вашите колеги ви гарантираат дека ќе се погрижат за Вашите обврски додека сте на одмор...верувајте дека нема!
- Вработениот кој е најголем ентузијаст не добива ништо поголема плата од останатите.
- Ако Вашиот менаџер подолго време нема ништо лошо кажано за вас, наскоро ке ви треба негова препорака.
- Најдобро време да побарате покачување е кога се тргнало наопаку и вашиот шеф е во паника.
- Колку повеќе ја мразите Вашата работа и сакате да ја напуштите, толку подолго се задржувате на тоа работно место.
- Колку е покомплицирана работата, толку помалку време и помалку информации ќе ви бидат дадени.
- Секогаш некој друг ја добива подобрата работа пред вас.
- Вредноста на некоја работна задача е обратно пропорционална со рокот за нејзиното извршување.
- Личноста која ви прави интервју за работа, имала половина од вашите квалификации кога ја добил/а работата, а од вас бараат дупло од тоа што го имате.
- Ако дојдете подоцна на работа, најверојатно Вашиот шеф е веќе пристигнат.
- Кога сте надвор од канцеларија, на најважниот повик ќе одговори колегата што најмалку или воопшто не е заинтересиран.