QR код во работно CV


Да не се лажеме, денес не е научна фантастика да подготвиш 'бонбона' CV со малку труд.

Вистинското прашање е како твоето CV ќе се истакне помеѓу 'купот' исто толку одлични CV-ња.

Јасно е дека ти си уникатен/на [како впрочем и секој друг]. Предизвикот е како да оставиш впечаток или да бидеш она што Сет Годин го нарекува Пурпурна крава, на начин на кој секој работодавец/бизнис партнер ќе остане фасциниран и ќе сака да дознае повеќе за тебе и да работи со тебе.

Кога станува збор за лов на работа, се почесто се појавуваат примери кои отскокнуваат и оставаат 'wow' впечаток.

Понова и релативно интересна опција е употребата на QR код во CV.

QR код стои за “quick response” бар код и е дводимезионален код кој содржи сет податоци: текст, броеви и хиперлинк. Податоците може да бидат декодирани со помош на QR читач, достапен како апликација за 'паметни телефони' [Smartphone]. Има бесплатни опции за iPhone, Droid, and Blackberry.

Ако сакаш да си креираш QR код обиди се со овој генератор.

Како може да го искористиш овој код?

Една опција е да го вклучиш QR кодот во твоето CV, и тоа да биде своевиден shortcut кон твоите онлајн профили, Линкед Ин, или твојата веб страна/блог. Јасно е дека дел од работодавците ќе немаат претстава што е тоа, но оние кои ќе го препознаат дефинитивно ќе го запаметат твоето CV како нешто што отскокнува. Посебно доколку се стремиш да добиеш работа во полето на нови технологии. Погледнете го видеово [Mashable 2011], кое покажува како може да се интегрира кодот на навидум обично CV.

Друга опција е да го вклучиш QR Кодот на бизнис картичка, за да води до твоите контакт детали.

Или можеби да го искористиш како јадица за лов на работа. На пример, може да го вклучиш кодот како реклама во принтан медиум, локален весник или дури на програма за семинар/конференција. Овие опции може да бидат интересна мета за да ставиш код кој ќе води до твојата 'Најми ме' страна на блог/веб страна.

Може да биде особено функционалнo ако работиш во индустрија поврзана со често оддржување конферeнции, земено предвид дека се повеќе учесници на конференции имаат smartphone-и. И дефинитивно е одличен начин да се истакнеш и да воспоставиш нови контакти.

За крај, јасно е само дека ќе ни треба повеќе од адреналин за да се справиме со сите можности кои технологијата ги нуди, и начинот на кои тие можности креираат нови можности за да го градиш твојот личен бренд, да се промовираш и да фасцинираш.

За крај, 'Any sufficiently advanced technology is indistinguishable from magic' - Arthur C. Clarke. Епа, време е за магија!

Превземено од : www.ibrand.mk


Следете нè на

     



Местоположба

Контакт