Истражување на кариера
Што ако не сте сигурни каква работа или кариера сакате? Што можете да направите? Од каде да почнете?
Што всушност претставува истражување на кариера?
Наједноставно кажано, истражувањето на кариера претставува долг и прогресивен процес на собирање на информации за образование, тренинзи, и работни позиции кои што одговараат на вашите интереси и вештини. Во првите фази на овој процес е креирање на ефективна стратегија за постигнување на целите, додека крајниот резултат би бил пронаоѓање на работа која што на вас личносно најмногу ви одговара.
Во почетокот на процесот на истражување се прави самопроцена, односно се решаваат инвентари или тестови преку кои се утврдуваат сопствените интереси, способности , лични вредности, силни страни, тип на личност и сл.
Истражувањето на кариери за младите луѓе, особебно за ср едношколците и студентите, е од круцијална важност. Постојат различни форми и начини преку кои младите луѓе можат да се запознаат со одредена работа или работна позиција.
Некои од нив се: изведување на практична настава, анализа на работа или како во западната литература job shadowing, посета на компании, волонтирање, посета на презентации од фирми, посети на саем за кариера, вклучување во здруженија на граѓани итн.
Горенаведените, и многу други прашања, може да си ги поставувате во врска со вашата работна ориентација, вашите желби за работа и можностите кои што ги имате.
Процесот на кариерно истражување ви овозможува да се позиционирате себе си, за можностите кои што се добри за вас и кои одговараат на вашите вештини, интереси и искуство.
Можеби наједноставен, најлесен, па и најевтин начин, е прегледувањето на видеа кои што во себе вклучуваат опис на дадени работни позиции. Такви видеа во последните години има прилично многу. Како за пример може да ги наведам емисиите:„How it's made“, „Construction intervention“ „Dirty jobs“, „Megastructures“ на телевизиските канали на Discovery и National Geographic кои како тема имаат различни професии, работни позиции или пак процес на производство. Од сите овие емисии може да се извлечат корисни информации за како се извршува една работа, какво знаење и кои вештини се потребни, кои одговорности ги има одредено лице итн.
Поради подобар преглед и увид во одредени работни позиции, една американска веб страница (www.myplan.com) има направено голема база на податоци која содржи најразлични кратки видеа за различни занимања, професии и сл. Базата со видеа може да ја погледнете на следниот линк: http://goo.gl/NuGU5