Успешна кариера?


 

Уште во основно, додека работевте некоја заедничка задача секогаш имаше едно дете што додека другите се трудеа, тоа не правеше ништо и на крај сепак добиваше оценка која не ја заслужуваше. Што ќе се случи со ова дете кога ќе порасне?

Секако, со сесрдна помош на Марфи, тој ученик ќе се вработи токму во вашата компанија.И покрај тоа што се комплетно неспособни, вие ќе бидете сведок на нивниот напредок во кариерата, ќе бидете сведок на зголемувањето на нивната плата, разни бенефиции и сето тоа повторно со многу помалку труд од останатите. 

Која е причина за ваквата неправда? Па, за да напредувате во компанијата НЕ МОРАТЕ да бидете компетентни, вредни и совршено организирани. Она што МОРАТЕ е да оставите ВПЕЧАТОК кај шефот дека сте такви и дека многу работите.  Еве неколку конкретни иљаџиски финти како да го натерате шефот да мисли дека вие сте столбот што ја одржува компанијата (а не дека сте само обичен мрзливец).

1. Секогаш кога праќате меил на некого, испратете му го и на шефот

Меил адресата на вашиот шеф во СС е одличен начин да покажете дека имате премногу работа, без разлика дали мејлот бил од клучна важност или е тотално небитен.

Со СС-то постојано му праќате порака на шефот дека напорно работите и со повторување тоа потсвесно влегува во неговиот мозок. Уште подобро ако вашиот шеф не се замара со читање на тие мејлови, па тие служат како одличен потсетник дека вие постојано ја работите својата работа.

2. Секогаш со вас носите планер или барем тетратка

Од некоја причина работодавците сметаат дека ако некој носи тетратка и постојано нешто запишува тој е незамисливо продуктивен. Дури и ако во нејзе цртате карикатура од неговата жена, тој ќе го сфати вашето пишување како знак дека сте поспособни, поспремни и поснаодливи од вашите мрзливи колеги, кои не се трудат ништо да запишат.

3. Известете го шефот за се што е и што не е завршено во канцеларијата (и тоа пред другите)

Легии на не трудољубиви работници им се наметнале на шефовите како нивна десна рака, само затоа што им пренесувале информации.

Од тоа дека програмерите конечно ја поправиле грешката во софтверот кој со денови им правел проблеми на сите, до тоа дека апаратот за вода веќе неколку денови е празен.

Секако не треба да се заборават и секојдневните извештаи од вашата канцеларија, со што шефот би добил впечаток дека вие сте ангел чувар на компанијата.

4. Чувајте ја слушалката на рамо и најдобро завршената задача на биро

Ова се можеби двете најважни навики кои ќе ви овозможат да изгледате неверојатно продуктивно кога шефот ќе мине покрај вашето биро.

Прво, ниту едно парче пластика нема да ви помогне да изгледате како вистински професионалец, кој е пред потпишување на следниот огромен договор, ако таа пластика не изгледа како телефонска слушалка. И второ, оставањето на најдобро завршената задача на вашето биро е потврда дека сте одличен работник, кој не се плаши пред шефот да ги покаже завршените задачи.

5. Делувајте како да сте под постојан стрес

Стресот пред праќање на меил, телефонски разговор и закажување состанок е класична метода за самопромовирање на работното место. Зад ова стои едноставна логика - сите шефови веруваат дека повеќе работа значи повеќе стрес, односно дека некој што е под голем стрес работи многу напорно.

6. Кога имате слободен ден јавете му се на шефот од канцеларија

Кој е луд да доаѓа на работа, на слободен ден? Тука лежи целата умешност на "паразитите". Сценариото е следно: Знаете дека утре имате слободен ден, па сте се договориле со пријателите да излезете.

Сте биле на журка до идното утро. Тајната е после вакви маратонски излегувања да создадете навика, пред да се вратите дома да поминете до работа...

Вашиот шеф гарантирано ќе биде изненаден од телефонскиот повик кој го добил во сабота наутро. Иако ќе биде малку нервозен што мора за време на викендот да решава работни задачи, телефонскиот повик во вакви денови засекогаш ќе ја зацементира вашата позиција кај шефот како вработен кој е подготвен да изгори за работата.


Следете нè на

     



Местоположба

Контакт