Најдобри претприемачи


Почитувани,

Канцеларијата за кариера и алумни клуб започнува со презентирање на најдобри млади претприемачи од САД за претходните неколку години. Во нивното презентирање ќе се содржат информации за видот на бизнис/услуга/сервис која што ја започнале и која што ја нудат.

Прва компанија за претставување е:

  • 9 Clouds

Што: интернет маркетинг

Основач: John T. Meyer, 25

Веб страница:9cloudsinc.com

Место: Sioux Falls, S.D.

Meyer ја започнал својата прва компанија за маркетинг пребарување на 22 годишна возраст од својата спална соба на Luther College во Ајова, САД. По работата во Accenture (ACN) во Минеаполис, се откажал и се вратил во родната Јужна Дакота и ја започнал компанијата „9 Clouds“, која што се занимава со советување за интернет маркетинг. Целта на Meyer: да им се помогне на компании кои што не се информатички вешти да се појават на Интернет. „Особено овде на Средниот Запад, има многу луѓе на кои што им е потребна помош “ – вели Meyer. Тој земал грант за економски развој од 15 000 $ и ја стартувал компанијата во јуни, 2009 година. Два месеци подоцна, го вработил својот брат Scott, 28, да ја води продажбата. „9 Clouds“ сега има 5 вработени, канцеларија во Sioux Falls, и десетина активни клиенти, кои вклучуваат професионални фирми, препродавачи и колеџи, како што се South Dakota State University и Lehigh University.Meyer вели дека во втората половина на 2009 имал приходи од 50 000$ и дека очекува 200 000$ во 2010 година.

  • Campus Buddy

Што: објавува податоци за оценувањето на колеџ

Основач:Mike Moradian, 25

Веб страна:campusbuddy.com

Каде: Лос Анџелес

По навистина тешкото искуството на часовите по методи на сметање за време на втората година од студии, Mike Moridian почнал да размислува дека студентите може да имаат бенефит ако знаат како професорите ги оценуваат. Преку Барање од Законот за слободен пристап на информации, апсолвентот на бизнис економија добил информации за дистрибуцијата на оцени по класови на целиот Универзитет. Тие податоци станале основа за CampusBuddy, бизнис кој што го започнал во Февруари, 2008. Moradian ги собрал јавните податоци за дистрибуцијата на оцени по класови, професори и титули на 250 јавни колеџи, започнувајќи со системот на California University.

Сервисот има 280 000 активни месечни корисници од скоро 1 милион коллку што се имаат зачленето преку апликацијата на Facebook. Moradian вели дека „мал процент“ од активните корисници месечно плаќа по 1.50$ за детални податоци за оценувањето. Страната заработува и од информирање на студентите за сервиси како што се продавачи на книги, компании за преселба и преку рекламирање. CampusBuddy вработува 100 практиканти кои што работат за школски кредити и опслужува канцеларија на Беверли Хилс за 5 вработени. Moradian вели дека во 2009 компанијата имала приходи од 60 000$ и предвидува 400 000 $ во 2010 година.

  • Cirtex

Што: веб хостинг

Основач: John Xie, 21

Веб страна: cirtex.com

Каде:Њу Јорк

Роден во Шангај, претприемачот John Xie емигрирал во Њу Јорк со неговото семејство во 1998 и ја започнал компанијата Cirtex во 2003 кога имал само 13 години. Најпрвин препродавал сервиси за интернет хостинг и тоа го наплаќал преку PayPal. Како што веб хостингот станувал се покомпетитивен бизнис, Xie, кој го менаџирал бизнисот сам во средно училиште, напредувал со компанијата. Тој додал сервиси за видео хостинг и пософистицирани видови на хостинг за бизнисмените – приватни виртуелни сервери и „посветени“ сервери. До 2007, кога Xie тргнал да учи претприемништво на Babson College, Cirtex веќе имал 500 клиенти. Сега има повеќе од 10 000 на кои што и пружаат поддршка 25 вработени во САД, Канада, Индија и Бразил. Клиентите може да бидат: од индивидуалци кои плаќаат 2.50$ месечно за основно/обично веб хостирање до бизниси кои што плаќаат повеќе од 1 000$ месечно за менаџирање на нивен сервер. „Старите муштерии постојано не препорачуваат на нови “ вели Xie. Компанијата има сервери во Клифтон, Њу Џерси и Чикаго. Планот е да се прошири во Европа и Азија во текот на 2010 за да ја задоволи побарувачката. Xie веле дека Cirtex има приход од 1.3 милиони$ и очекува околу 2 милиони$ во 2010.


Следете нè на

     



Местоположба

Контакт